Hotel Butua Residence 4* - Budva

  • ден 0.00
    Unit price per 


ПОЛОЖБА:
Residence Butua се наоѓа на исклучителна локација веднаш до Стариот град на Будва, на само 30 метри од плажата Ричардс Хед и 60 метри од марината. Плажите Могрен и Словенска, како и најблискиот супермаркет и популарна дискотека, сите може да се стигнат во 3-минутна прошетка. Шеталиште со неколку ресторани и барови може да се најде на плажата Словенска.

СМЕСТУВАЊЕ:
Просторните и стилски ентериери на Residence Butua нудат панорамски поглед на Стариот град и ривиерата Будва. Секоја од елегантно украсените соби и апартмани има балкон. Апартманите дополнително располагаат со добро опремена кујна и 2 ЛЦД телевизори, едниот во дневната соба, а другиот во спалната соба.

УСЛУГА: 
Хотелот нуди услуга на ББ сервис (ноќевање со доручек). Појадок се служи во блискиот ресторан. Ограничен број на места за паркирање се достапни на претходно барање.

СОДРЖИНА:
Хотелот располага со ресторан во кој се служи доручек на база шведски стол. Бесплатна Wi-Fi конекција. Исто така има рецепција која е на располагање 24 часа, на располагање гостите имаат и  услуга во соба.

ПЛАЖА:
Најблиската плажа до овој хотел се наоѓа на 30м, тоа е плажата Ричардс Хед.

 

 



    Препорачано