Rapos Resort Hotel 5 * - Himare, Albania

  • ден 0.00
    Unit price per 


ПОЛОЖБА: 
Рапос Ресорт 5* се наоѓа на само 1,5км од центарот на Химаре и 50 метри од прекрасната камчеста плажа. Овој удобен, чист и прекрасно уреден хотел претставува совршен избор за да го поминете Вашиот одмор.

СМЕСТУВАЊЕ:      

Хотелот располага со двокреветни, фамилијарни соби и апартмани.Сите соби се опремени со клима уред, мини бар, простор за седење и телевизор со рамен екран. Повеќето соби имаат поглед кон море.

УСЛУГА: 
Хотелот нуди услуга на BB услуга (вклучен појадок), услуга HB (вклучен појадок и вечера), FB услуга (вклучен појадок, ручек, вечера). Пијалоците не се вклучени во понудата.    

СОДРЖИНА:   
Хотелот располага со прекрасен  бар и ресторан со тераса, надворешен базен и приватна плажа. Во ресторан се служат традиционални и меѓународни специјалитети. Во близина има детско игралиште и самопослуга. До најблискиот ноќен клуб може да се стигне со кратка прошетка.

ПЛАЖА:     
На само 50м од хотелот се наоѓа неговата приватна плажа која што е опремена со лежалки и чадори. 

СПОРТ И ЗАБАВА:  

Можете да уживате на барот, на базенот и приватната плажа каде што е возможно и да изнајмите џет ски. Во близина се наоѓаат и туристички агенции кои нудат најразлични екскурзии за подобро запознавање на областа.

Зафатеност \ Тип на сместување Ноќевање со појадок
Април/Мај/Септември/Октомври 2021 Јуни 2021 01.07 - 14.07.2021 15.07 - 20.08.2021 21.08 - 31.08.2021
Еднокреветна соба 66€ 99€ 121€ 171€ 149€
Двокреветна соба (цена по лице) 39€ 55€ 66€ 88€ 77€
Трокреветна соба (цена по лице) 33€ 44€ 51€ 68€ 61€
Фамилијарна соба (цена по соба) 132€ 187€ 220€ 286€ 264€
Ministerial Suite (цена по соба) 165€ 209€ 231€ 248€ 220€
Diplomat Suite (цена по соба) 198€ 242€ 264€ 308€ 286€
Presidental Suite (цена по соба) 275€ 308€ 308€ 429€ 385€


Во цената не е вклучена туристичка такса од 1 евро по лице на ден.
Дете 0-4 години бесплатно; Дополнителен кревет за дете 5-15 години се доплаќа 15 еур; Дополнителен кревет за возрасен 20 еур.; Минимум 2 ноќевања во период од 13 Јули - 25 Август

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕНИТЕ:

  • Собите се достапни по добиено барање
  • Политика на отказ на резервацијата: до 7 денови - бесплатно; помалку од 7 денови 50%, еден ден пред доаѓање 100%

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

Цените се изразени во евра со денарски курс од 62.00 деанари.
Авансно плаќање по фактура.

ОПШТИ УСЛОВИ:

  • За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.
  • Организатор на патувањето е DMC Balkans Travel & Events.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица.
  • Организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот како резултат на пандемија без рефундација, но со можност за издавање на ваучер кој клиентите ќе го искористат во следниот период согласно моменталните услови.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на хотелот.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

      Препорачано