Вибрант гламур – крем со пептиди

  • ден 1,500.00
    Unit price per 


 

Вибрант гламур – крем со пептиди

Вибрант Гламур крем со пептиди  ја  хидрира и обновува кожата на  лицето на вистински начин. Овој крем ефикасно го решава проблемот со уморен тен, ја зголемува еластичноста и затегнатоста на кожата, влијае на осветлување на тенот и помага во санирање на проблематичната кожа. Ја прави кожата на лицето мека, светла и нежна.

 

Ако досега не знаевте, пептидите се едни од најдобрите пријатели во борбата против стареење. Да, знаеме дека сигурно ви е здодевно да слушате вакви приказни. Секогаш кога ќе се појави некоја нова компонента, производителите веднаш тврдат дека прави чуда и може да ви помогне преку ноќ да се подмладите. Да не се лажеме – ниедна супстанција тоа не може да го направи преку ноќ. НО кога станува збор за пептидите, верувајте дека навистина имаат поволно дејство на кожата и можат да ги успорат знаците на стареење. Тоа всушност се протеини составени од амино-киселини од кои е изграден човековиот организам. Основната намена во негата на кожата е да го поттикнат производството на колаген во кожата, бидејќи губењето на колагенот е еден од главните причини поради кои настануваат брчки и други знаци на стареење. 

 

Кога ќе нанесете крем со пептиди на кожата, клетките “мислат” дека им недостасува колаген и го поттикнуваат неговото производство. На овој начин правите фејс лифтинг на природен начин. Го стимулирате производството на колаген кој ги пополнува брчките одвнатре и го прави целиот тен поблескав. Всушност, кремот со пептиди помага кожата да се опорави и од некои кожни заболувања, како што се на пример екземите и дерматитисот. Тоа е од причина што пептидите делуваат на кожата така што ја зајакнуваат, па кожата станува по отпорна на повреди и разни неповолни влијанија. 

 

За повеќе информации и нарачки преку телефон јавете се на:

079 246 340


Препорачано